Разузнавањето на израелските одбранбени сили (ИДФ) соопшти дека испрашувало околу 500 Палестинци, вклучително и околу 300 оперативци од Хамас, Исламски џихад и други групи, кои ги откриле локациите на подземните тунели на Хамас.
ИД соопшти дека формирала притворско одделение во јужен Израел за таму да ги доведе на испрашување затвореници од Појасот Газа.
– Оперативците и осомничените од терористичките групи им ги открија на истражителите локациите на мрежата на подземни тунели и магацини за оружје на Хамас, како и начинот на дејствување на терористичката група, вклучително и нивната употреба на жив штит – се вели во соопштението кое го објави „Тајмс оф Израел“.