Претседателот на Украина, Володимир Зеленски денеска изјави дека Русија може да создаде нови кризи на Балканот и во Молдавија, за да го сврти вниманието од војната во Украина.
– Денес сите зборуваат за кризата на Блискиот Исток. Но, како што искрено кажав, овој проблем не е од вчера. Не е ни од завчера. Сите знаат за овој долгогодишен конфликт и војна, но никој не сака да стави крај. Сигурни сме дека зад војната на Блискиот Исток стои Русија со нејзиниот сојузник Иран – наведе Зеленски.
Тој додаде дека „треба да се обрне внимание на Балканот“.
– Верувајте ми, добиваме информации, Русија има долгорочен план. Блиски Исток, ќе биде и Балканот, ако светските сили сега ништо не направат, ќе има нова експлозија – посочи Зеленски.
Тој тврди и дека Москва ја поткопува ситуацијата во поранешна советска република, Молдавија.
– Дека нешто не е во ред се виде на изборите. Изборите треба да се прогласат за неуставни. Да се уништи актуелната Влада, која е проевропска – истакна Зеленски.