Во деветтото коло, на програмата од утре до сабота, пласман на ЕП 2024 може да обезбедат десетина репрезентации, но само во групата Ц сигурно сѐ ќе се решава во 10-то коло, на дуелот во Леверкузен помеѓу Украина и актуелниот европски првак Италија. По мечевите во октомври, пласман на континенталното првенство обезбедија Германија (како домаќин), Австрија, Белгија, Англија, Франција, Португалија, Шкотска, Шпанија и Турција
ФУДБАЛ – КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕП 2024
Групата Ц е подготвена за возбудлива завршница, напредокот на Велс продолжува, а надежите на Казахстан за деби остануваат, пред последните натпревари од квалификацискиот циклус за пласман на Европското првенство (ЕП) в година во Германија, пишува Европската фудбалска унија (УЕФА). По мечевите одиграни во октомври, пласман на континенталното првенство обезбедија девет репрезентации, и тоа Германија (како домаќин), Австрија, Белгија, Англија, Франција, Португалија, Шкотска, Шпанија и Турција.
Во деветтото коло, на програмата од утре до сабота, пласман на ЕП 2024 може да обезбедат десетина репрезентации, но само во групата Ц сигурно сѐ ќе се решава во 10-то коло.
Во таа група во трка за второто место се Украина и актуелниот европски првак Италија, кои ќе играат меѓу себе во Леверкузен (Германија), на 20 ноември, во меч што ќе одлучи која селекција ќе го заземе второто автоматско место за пласман на ЕП 2024, зад Англија. „Азурите“ прво играат дома со Македонија, која нема пораз од Италија во претходните три натпревари (двапати реми 1-1, во Торино и во Скопје, и победа со 1-0 за Македонија во Палермо).
Во случај две репрезентации да бидат израмнети со бодовите, прво што решава која селекција ќе има подобар пласман е меѓусебниот резултат во овој квалификациски циклус.
Полуфиналистот на ЕП 2016, Велс почна бавно во својата група Д, освојувајќи само четири бода од првите четири натпревари. Оттогаш Велс забележа победи едноподруго за да ги врати своите надежи за пласман на второто место во групата. Селекцијата на Роб Пејџ сега знае дека со уште две победи, со Ерменија и со веќе пласираната Турција (од двете селекции загуби во првите натпревари), ќе обезбеди пласман на своето трето ЕП по ред, пишува УЕФА.
Казахстан останува во трка за настап на првиот голем турнир благодарение на победата на мечот со Финска во осмото коло. Казахстан неделава прво игра со Сан Марино, кој досега не освои ниту еден бод во овој квалификациски циклус, во колото во кое меѓу себе играат и водечките две репрезентации во групата Х, Данска и Словенија, а со победа Казахстан ќе обезбеди во последниот натпревар од овие квалификации да решава за пласманот на ЕП 2024.
На Европското првенство в година ќе играат по две најдобри селекции од секоја од десетте групи, а уште три места ќе се пополнат од плејофот на лигите А, Б и Ц во Лигата на нации. Обезбеден настап во тој плејоф засега имаат БиХ, Финска и Грузија. Селекции што можат директно да се пласираат на ЕП 2024, но кои имаат и сигурно место во плејофот, се Хрватска, Грција, Израел, Италија, Казахстан, Холандија и Србија, пишува УЕФА. Н.М.
Завршуваат квалификациите за ЕП 2024
Циклусот за пласман на Европското првенство (ЕП) достигнува кулминација со селекциите што се тркаат за да обезбедат едно од преостанатите 12 директни места како победници во групите или второпласирани. ЕП 2024 почнува на арената „Алијанц“ во Минхен (Германија), на 14 јуни