СП ЗА МЛАДИ ШАХИСТИ
Петровски најуспешен, 59-ти

Никола Петровски, во возрасната категорија до 12 години, е најуспешниот македонски претставник на Светското првенство (СП) за шахисти, во возрасните категории до осум, 10 и до 12 години, во Египет. На СП настапија 502 шахисти од 66 држави, од кои четворица беа ФМ. Предводени од тренерот, ФИДЕ-мајсторот (ФМ) Љубиша Андоновски, по напорните 11 кола Петровски (1.427 рејтинг-поени, рангиран 69-ти пред почетокот на СП) го освои 59-то место од 92 учесника, со пет поени (четири победи, две ремија и пет порази) и има новоосвоени 40 рејтинг-поени, притоа остварувајќи играчки перформанс од 1.540 рејтинг-поени, во категоријата до осум години Јован Вукашиновиќ (рангиран 86-ти) го освои 77-то место со четири поени (три победи, две ремија и шест порази) меѓу 90 учесници, до 10 години Мартин Гоцев (рангиран 103-ти) е 99-ти меѓу 115 шахисти, со четири поени (четири победи и седум порази), а Ина Крумова (рангирана 44-та), во категоријата до осум години го освои 58-то место со три поени (три победи и осум порази), меѓу 70 шахистки. Последното, 11-то коло на СП 2023 беше и единственото во кое ниту еден македонски претставник не загуби, Крумова и Гоцев освоија цел поен, Вукашиновиќ и Петровски по половина, а по три поени (три победи и еден пораз) беа освоени и во третото и во седмото коло. Г.И.


ФУДБАЛ – САД
Меси е финалист за наградата дебитант на годината

Лионел Меси е финалист за наградата дебитант на сезоната во фудбалската лига во САД (МЛС). Аргентинскиот напаѓач му се приклучи на Интер Мајами во јули, постигна 11 гола во сите натпреварувања, помагајќи му на клубот да го освои воведниот Лига-куп. Меси е финалист и во трката за „Златната топка“ в понеделник, откако ѝ помогна на Аргентина да ја освои титулата на Светското првенство во 2022 година. Другите финалисти за дебитант на сезоната во МЛС се напаѓачот на Аталанта јунајтед, Јоргос Јакумакис, и играчот од средниот ред на Сент Луис сити, Едуард Ловен, пишува „Би-би-си“. Н.М.


ФУДБАЛ – ЛИГА ЕВРОПА
Ливерпул, Рома и Баер се без загубен бод

Ливерпул, Рома и Баер се трите тима со по три победи по првите три кола во фудбалската Лига Европа, Брајтон првпат во својата историја триумфира во меч од европските купови, а во третото коло заврши серијата на Вест хем од 17 европски меча без пораз. Ромелу Лукаку постигна гол во својот 14-ти последователен натпревар во Лига Европа, во победата на Рома на дуелот со Славија Прага со 2-0, неговиот рекорд се протега над девет години во три клуба, Евертон, Интер и Рома, а претходниот рекорд го држеше Кристијано Роналдо, кој постигна гол на 11 натпревари по ред во Лигата на шампионите, од 3 јуни 2017 до 11 април 2018 година, пишува „Би-би-си“. Н.М.