Со врачувањето на наградите и проекцијата на филмот “ Лена и Владимир “ спуштена е завеста на овогодинешното издание на фестивалот на филмската камера
„Браќа Манаки“.
Највисокото признание на фестивалот „Златна камера 300“, годинава жирито им додели на кинематограферите Џевахир Шахин и Куршат Уресин за филмот „За сувите треви“.
Џевахир Шакин и Куршат Уресин се заблагодарија на жирито, режисерката која им ја дала можноста да работат на филмот и на целиот тим до кој работеле.
Сребрената камера 300 ја доби Ченгма Жијуан за филмот „Само реката си тече“, а бронзената камера 300 за Паоло Карнера за филмот и проекцијата на
филмот„Носталгија“.
Посебно признание во главната селекција му беше доделено на Наум Доксевски за филмот „Домаќинство за почетници“ со кој беше отворен фестивалот.
Признанието „Мала камера 300“ и се додели на Марта Симоеш.
Специјалната награда „Камера 300“ му беше доделена на кинематограферот Шејмус Мекгарви.
Ваква одлука донесе меѓународното жири во состав: Дарија Д ‘ Антонио, Питер Бижу, Теона Стругар Митевска, Ромен Лакурба и Доменико ла Порта.
Во студентската програма жирито во состав: Анастас Мичос, Бранд Фери и Нил Јанг, „Кристалната камера 300“ и ја додели на Хелена Фикерова, а посебно признание за
кинематограферот кој многу ветува, Давид Бајерски за филмот „Воскресение“.
Железна камера 300 жирито и ја додели на Каролин Шампетије за филмот „Човекот во црно“, Железна камера 300 за краток филм ја доби Неритан Зинџирија за филмот
„Светло на светлината“, а посебно признание за Тео Монтоја за „Анхел 69“.
За краткометражен филм посебно признание доби Стефан Георгиевски за филмот „Мавера“.
– Ова е мотивација за нас, младата генерација филмаџии, подготвена да ги прифати сите предизвици и најважно од се, филмот го гледа со едни искрени очи и љубов, рече
Георгиевски.
-Во потрага по прекрасното непознато создадовме фестивал каков што Битола и Македонија, би сакале, требале и морале да имаат. После 44 години макотрпна и
трпелива работа на сите кои сме биле дел од овој фестивал и сите кои со својата работа исполниле барем еден дел од фестивалскиот мозаик, се надевам, можеме да кажеме дека „Браќа Манаки“ е светски фестивал кој ги чествува кинематограферите и многу важен дел од културниот идентитет на Македонија, рече Дамевски и на крајот отпеа песна со која ги покани сите гости следната година повторно да дојдат во Битола.
Специјалната награда „Камера 300“ на кинематограферот Шејмус Мекгарви му ја додели Претседателот на Републиката Стево Пендаровски, кој свечено го затвори
фестивалот.
-Многу сум возбуден, добив прекрасна награда. Многу ми е мило што го открив фестивалот „Браќа Манаки“ бидејќи претставува една вистинска прослава на филмот.
Имаше прекрасна атмосфера и повторно ќе дојдам и следната година, рече Мекгарви заблагодарувајќи се на доделеното признание.
Претседателот Пендаровски во обраќањето по повод свеченото затворање на фестивалот „Браќа Манаки“ рече дека го радува фактот што токму филмската уметност
секогаш успева да опстои дури и во најпредизвикувачки услови.
-Филмската уметност секогаш им пркоси на сите општествени и економски контексти кои не се сосема благопријатни за креативното изразување. Токму затоа на
последниот ден на најстариот фестивал на филмската камера во светот „Браќа Манаки“ би сакал да им честитам на организаторите на истрајност, а на лауреатите за сите досегашни и идни успеси, рече Пендаровски.