Министерот за правда Кренар Лога се сретна со претставниците на Синдикатот на УПОЗ, информираа од Министерство за правда.
На средбата се разговарало за актуелните протести, проблемите и барањата со кои се соочуваат судската и јавнообвинителската служба.
-Министерството за правда ќе достави Информација до Владата, во соработка со Министерството за финансии да се разгледа можноста од отпочнување на процес на преговори со Синдикатот на УПОЗ со цел да се најде заедничко решение и да не се закочи процесот со движење на предмети во судовите и Јавните обвинителства. Претседателот на Синдикатот на УПОЗ Трпе Деановски изрази благодарност до министерот Лога за неговите напори и заложби за решавање на проблемите на вработените – стои во информацијата.
Само го бараме тоа што ни следува од буџетот, никој не вреди за шест луѓе