АТЛЕТИКА – МАРАТОН ВО БЕРЛИН
Тигст Асефа од Етиопија со убедлив светски рекорд ја одбрани титулата на Берлинскиот атлетски маратон, поставувајќи нов планетарен рекорд од 2:11,53 часа за жени, а тркачката легенда Елиуд Кипчоге забележа рекордна петта победа на друмската трка во главниот град на Германија, пишува Светската атлетика (СА). Асефа трчаше побрзо за две минути од светскиот рекорд од 2:14,04, што го постави Кенијката Бриџид Косгеи на маратонот во Чикаго во 2019 година. Кипчоге, пак, победи со 31 секунда предност, со вкупно време од 2:02,42 часа, што е петто најбрзо време во неговата славна кариера, пишува СА. Рекорден број маратонки, осум, ја истрчаа патеката побрзо од 2:20 часа и рекордни број маратонци, девет, имаа време побрзо од 2:05 часа, а 15 имаа побрзо време од 2:06 часа, што го прави најбрз маратон за мажи во историјата, пишува СА.