Начинот на кој го започнувате утрото е многу важен. Некои луѓе многу размислуваат за тоа што ќе јадат и пијат веднаш штом ќе се разбудат, додека други зграпчуваат сѐ што имаат пред себе додека излегуваат од вратата. Во секој случај, она што го внесувате во вашето тело за појадок може да влијае на вашето здравје на многу начини, а диететичарите велат дека некои од најлошите навики за појадок што луѓето обично ги имаат може да им направат хаос на телото и здравјето.
Јадете премногу шеќер
– Навиките за појадок играат значајна улога во нашето целокупно здравје и благосостојба, а со препознавање и менување на тие навики, можеме позитивно да влијаеме на нашата исхрана и да го подобриме нашето целокупно здравје – вели нутриционистката Мери Сабат.
Јадете премногу шеќер: Може да биде примамливо да земете кифла кога ќе излезете, но, за жал, започнувањето на денот со многу шеќер и без други хранливи материи е една од најлошите навики за појадок што можете да ги прифатите. Според нутриционистката Мелани Бец, треба да ги ограничиме слатките намирници за појадок со шеќер што е можно повеќе.
– Многу традиционални јадења за појадок имаат куп додаден шеќер, како што се житарките, гранолите, печивата, мафините, палачинките и вафлите, како и шеќер што го додавате во вашето кафе – вели тaa.
Меѓутоа, Американското здружение за срце препорачува не повеќе од 25 грама додаден шеќер за жените и 36 грама за мажите, за да се намали ризикот од срцеви заболувања, па затоа е важно да ги јадете овие слатки опции умерено.
Не јадете доволно протеини
Избегнување овошје и зеленчук: Појадокот е вашиот прв оброк во денот и може да биде одлична можност да добиете неколку порции овошје и зеленчук, особено затоа што повеќето луѓе не се ни приближуваат до целта од минимум пет порции овошје и зеленчук на ден, како што вели Бец.
Исполнувањето на овие цели е важно за вашето целокупно здравје, бидејќи јадењето доволно порции може да помогне да се намали ризикот од рак, дијабетес, срцеви заболувања, болести на бубрезите, па дури и деменција.
Не јадете доволно протеини: Во совршен свет, секое утро ќе имате доволно време и енергија да направите вкусен омлет од зеленчук со мисиркино месо и шолја кафе за да ги исполните вашите цели за протеини и влакна. Во реалноста, може да биде навистина предизвик да вклучите доволно витални хранливи материи во вашиот појадок, особено кога брзате навреме да излезете оддома.
Сепак, според диететичарите, недостигот од протеини во утринскиот оброк може да биде една од најлошите навики за појадок.
– Појадокот е време да се размислува за добивање доволно протеини, бидејќи вашето мускулно ткиво се распаѓа прекуноќ, кога телото е во режим на одржување и поправка, а ви требаат протеини за да го стимулирате повторното растење – вели Бец.
Значи, ако не ги добиете за појадок, сте ги пропуштиле до следниот оброк, а ако продолжите да ја пропуштате таа можност, вашата мускулна маса ќе се намалува со текот на времето.
Пиење кафе пред јадење
Пиење кафе пред јадење: Кога зборуваме за прескокнување на појадокот, друга потенцијално штетна навика за појадок е пиењето кафе пред да имате шанса да јадете. Всушност, една студија објавена во „Бритиш џрнал оф нутришн“ покажа дека пиењето кафе пред појадок може негативно да влијае на нивото на шеќер во крвта. Плус, кафето го потиснува вашиот апетит, што значи дека е поголема веројатноста да го прескокнете или одложите појадокот.
– Ако го прескокнете појадокот или чекате предолго за да јадете, се оставате себеси како премногу гладни и поголема е веројатноста да направите нерационален избор на храна – објаснува таа.