Денес во посета на општина Пласница беше министерката за труд и социјална политика Јованка Тренчевска и претставничката од Здружението за подршка на идентификувани и потенцијални ранливи групи Драгана Костевска. Тие остварија средба со градоначалникот на оваа општина Алија Јаоски, по што го означија почетокот на работа на проектот „Помош и нега во домот на лица со попреченост и лица над 65 години“ на територија на општина Пласница.
-Овој проект ќе им овозможи на жителите од нашата општина да ги користат услугите за социјална заштита во нивното место на живеење. Се надеваме дека во иднина ќе има и други проекти што ќе бидат од корист за жителите на општина Пласница – истакна градоначалникот Алија Јаоски.
Јаоски нагласи дека со овој проект ќе бидат опфатени 45 постари жители на општината, а за нив ќе се грижат 15 сертифицирани негувателки кои за оваа потреба посетуваа курс во Црвениот крст Кичево. З.А.