Шефот на европската дипломатија, Жосеп Борел, денеска изјави дека на средбата меѓу лидерите на Србија и на Косово не било можно да се решат меѓусебните несогласувања. Според него, премиерот на Косово, Албин Курти, не бил подготвен да го започне процесот за формирање на Заедницата на српските општини, но инсистирал на де факто признавање на Косово.
По средбата Борел истакна дека патот на двете страни кон ЕУ е преку дијалог и дека формирањето на Заедницата на српските општини и е клучен елемент во процесот на нормализирање на односите.
– Без нормализација, нема да има европска иднина ниту за Косово, ниту за Србија – предупреди Борел.