Македонските војници во Словенија се во добра здравствена состојба, информираше министерката за одбрана, Славјанка Петровска.
– Двајца македонски војници од контингентот упатен на испомош во Словенија во текот на вчерашниот ден по чистење на подрумски простории од последиците од поплавите, заедно со словенечките колеги, се пожалиле на мачнина од јаглерод моноксид по што превентивно беа префрлени во болница за детални прегледи. По испитувањата утврдено е дека тие се добро и во текот на утринските часови вратени се во сместувачките капацитети каде денеска ќе одмараат. Благодарност до словенечките пријатели за брзата реакција! напиша таа на Фејсбук.
ФОТО:ФЕЈСБУК/Славјанка Петровска