Веб-страницата Global Firepower (Глобал фајарпауер) секоја година објавува листа која ги рангира армиите на 145 земји ширум светот. На последната листа првото место го зазедоа САД, а потоа Русија и Кина.
Конечното рангирање на „Глобал фајарпауер“ користи преку 60 фактори за одредување на т.н. Индекс на моќност – од бројот на војници, нивната финансиска состојба до логистика и географски фактори.
Формулата за рангирање, како што е наведено на овој портал, им овозможува на помалите, технолошки понапредни нации да се натпреваруваат со поголеми, помалку развиени сили.
Првите десет места на листата ги заземаат Соединетите Американски Држави, Русија, Кина, Индија, Велика Британија, Јужна Кореја, Пакистан, Јапонија, Франција и Италија.
Кога станува збор за нашиот регион, најдобро рангирана е Србија, која го зазема 58. место, а потоа следат Хрватска (69), Словенија (86), Албанија (91), Македонија (108) и Босна и Херцеговина (133).