ТЕНИС – НА ТУРНИРОТ ВО ОСИЕК
Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа почна со победа на фјучерс-турнирот во Осиек со награден фонд од 25.000 долари. Ѓорческа, која е прворангирана на овој турнир, успеа да ја победи Романката Сабина Дадачиу (1.133-ти на ВТА-листата) со 2-0 во сетови (6-2, 6-3).
Во следното коло, денеска, Ѓорческа ќе се сретне со домашната претставничка Силвија Њириќ (без ВТА-рејтинг).
За жал, првиот меч не беше успешен за Македонецот Горазд Србљак, кој беше елиминиран од третиот носител на турнирот, Германецот Себастијан Прехтел (583. на АТП-листата).
Србљак го загуби првиот сет со 3-6, го доби вториот со 7-5, но во решавачкиот трет сет повторно загуби со 3-6, со што беше елиминиран. Г.И.