Фото: Игор Бансколиев

Како што е познато, УЕФА претходно им забрани на навивачите на загрепскиот клуб да одат во Грција, но тие сепак се појавија во Атина!

ФУДБАЛ – КВАЛИФИКАЦИИ ВО ЛШ

Фудбалерите на АЕК од Атина и Динамо од Загреб вчера во Атина требаше да го одиграат првиот натпревар од третото коло од квалификациите во Лигата на шампионите (ЛШ), но, за жал, мечот беше откажан поради немил настан, односно убиство на навивач на АЕК од страна на навивачите на Динамо.
Иако постоеше можност загрепски Динамо да биде исфрлен од ова европско натпреварување поради однесувањето на неговите навивачки хулигани, сепак, според медиумите во Грција, тоа нема да се случи. Првакот на Хрватска ќе остане во квалификациите во ова натпреварување, а одредени се и нови термини за натпреварите меѓу овие две екипи.
УЕФА треба да го смени домаќинот, па, така, првиот меч ќе се игра во Загреб на 15 август, додека реваншот ќе се игра во Атина четири дена подоцна. Останува УЕФА да ја официјализира оваа одлука и да му изрече заслужена казна на хрватскиот клуб.
Според грчките медиуми, околу 200 навивачи на Динамо отишле на стадионот „Аја Софија“, каде што требаше да се одигра натпреварот меѓу АЕК и Динамо. Кога пристигнале на стадионот, тие почнале да кршат предмети, удирале луѓе, а имало дури и сериозни инциденти и повредени луѓе, а како резултат на тоа едно лице починало откако било прободено со остар предмет.
Како што е познато, УЕФА претходно им забрани на навивачите на загрепскиот клуб да одат во Грција, но тие сепак се појавија во Атина! Г.И.