Реакторот, познат и како „Линглонг 1“, е повеќенаменски мал модуларен реактор за вода под притисок, развиен од Кинеската национална нуклеарна корпорација
Кинеската национална нуклеарна корпорација успешно тестираше мал нуклеарен реактор
Основниот модул на првиот светски комерцијален мал модуларен нуклеарен реактор (СМР) го заврши тестот за сериско производство, означувајќи пробив во технолошката иновација за ваков тип нуклеарни реактори во Кина.
Реакторот, познат и како „Линглонг 1“, е повеќенаменски мал модуларен реактор за вода под притисок, развиен од Кинеската национална нуклеарна корпорација. Основниот модул е клучната опрема на „Линглонг 1“, независно дизајнирана, развиена и купена од Институтот за нуклеарна енергија на Кина.
– Нуклеарниот реактор вклучува садови под притисок, генератори на пареа и други компоненти. Преку независни иновации, истражувачите направија откритија во многу клучни технологии, овозможувајќи му на основниот модул да ги реализира инженерските апликации и непречено да го помине конечното прифаќање – рече Ву Чионг, официјален претставник од петрохемиската корпорација за нуклеарна енергија „Далијан“, поврзана со Групата за тешка индустрија.
Годишното производство на електрична енергија на „Линглонг 1“ со излезна моќност од 125 мегавати ќе достигне една милијарда киловат-часа по неговата изградба. Тој би ги задоволил потребите на околу 526.000 домаќинства. Наменет е и за градско греење, урбано ладење, индустриско производство на пареа и отсолување морска вода.