Претпоследна трка пред летната пауза

ФОРМУЛА 1 – ТРКА ВО УНГАРИЈА

Формула 1 (Ф1) се сели во Унгарија за утрешната претпоследна трка пред летната пауза (следната недела е трката во Белгија, а по еден месец пауза следува трката во Холандија).
Актуелниот првак и водечки сезонава, Макс Ферстапен, и Ред бул пристигнуваат во Унгарија за да ја продолжат својата извонредна серија, Холанѓанецот има седум последователни победи, а тимот е во трка по 12-та во низа (сега го дели рекордот со по 11 победи по ред со Мекларен од 1988 година), пишува Ф1.
Првата трка во Унгарија се одржа во 1986 година, патеката е долга 4,381 км, најмногу победи има Луис Хамилтон (осум), а лани славеше Ферстапен.