Сите знаеме колку е важен каучот во дневната соба. По напорниот ден сакате да се опуштите на него, но таа идила може да ви ја расипат тврдите дамки, од кои не можете да се ослободите. Колку и да се грижите за него, со текот на времето ќе се извалка, било од употреба или од дамки предизвикани од потење и седење. Можеби мислите дека нема решение и дека во одреден момент ќе мора да го однесете на хемиско чистење. Но, пред тоа, пробајте го овој едноставен трик.
Состојки:
– 1.250 милилитри трипроцентен водород
– три големи лажици сода бикарбона
– неколку капки течен сапун или детергент за миење садови
Постапка:
Прво измешајте водород и сода бикарбона, а кога ќе добиете изедначена смеса, ставете до две капки течен сапун или детергент за садови. Сето тоа добро измешајте го, па претурете го во шише со распрскувач. Откако ќе го испрскате душекот ќе се појави пена. Почекајте површината да се исуши, а потоа исчеткајте го душекот со сува четка или исчистете го со правосмукалка.