Во просториите на Културно-информативниот центар на Република Македонија во Софија, вечер ќе биде одржана промоција на романите „Каменот од твојот ден“ и „Индиго Бомбај“ од познатата македонска писателка и новинарка Јагода Михајловска-Георгиева.
Романите се издадени на бугарски јазик од издавачката куќа „Персеј“ и со оваа промоција во КИЦ во Софија започнуваат нејзините следни претставувања во други градови во Република Бугарија како Ловеч, Стара Загора и Хасково.
Јагода Михајловска-Георгиева е добитник на наградите за литература како што се „Рациново признание“, „Роман на годината“ и „Стале Попов“ на Друштвото на писателите на Македонија.