ФУДБАЛ – ГОЛД-КУП

Репрезентациите на Мексико и на Панама први се пласираа во полуфиналето на годинашниот Голд-куп, фудбалско првенство на Северна Америка, што се игра во САД и во Канада, откако во четврт-финалето победија на дуелите со селекциите на Костарика, односно на Катар.

Преостанатите два меча од четврт-финалето се играа вчера, а двојките беа Гватемала – Јамајка (победникот ќе игра со Мексико) и САД – Канада (победникот ќе се сретне со Панама). Ова е 17-то издание на Голд-купот, а актуелен континентален првак е репрезентацијата на САД.