АТЛЕТИКА

Шерика Џексон стана петтата најбрза жена на сите времиња бидејќи постигна време од 10,65 секунди за победа во трката на 100 метри на националното првенство на Јамајка, пишува „Би-би-си“.

Тоа е и најбрзото време во светот годинава, надминувајќи го резултатот од 10,71 секунди на Шакари Ричардсон на шампионатот на САД претходниот ден. Џексон сега е изедначена со Американката Мерион Џонс на петтото место на вечната листа. Светскиот рекорд за атлетичарки е 10,49 секунди, поставен од Флоренс Грифит-Џојнер (САД) во 1988 година.