ВЕЛОСИПЕДИЗАМ – ТУР ДЕ ФРАНС

Џаи Хиндли победи на петтата етапа и ја доби жолтата маичка за водечки велосипедист на грантур-трката Тур де Франс. Досега водеше Британецот Адам Јејтс, кој сега е петти. Хиндли, кој стана осмиот Австралиец што ја зеде жолтата маичка, со соло-трка стигна до победата откако нападна на 20 километри пред целта на првата планинска етапа од годинашниот Тур де Франс, долга 162,7 километри.

Ланскиот победник Јонас Винегард од Данска стигна 64 секунди пред двојниот шампион на Тур де Франс, Словенецот Тадеј Погачар, кој победи во 2020 и во 2021 година. Вчера на програмата беше нова планинска етапа, долга 114,9 километри.
Вкупен пласман по пет етапи на Тур де Франс: Џаи Хиндли, Јонас Винегард (плус 47 секунди), Џулио Чиконе (1:03 минута), Емануел Бухман (1:11 мин.), Адам Јејтс (1:34 мин.), Тадеј Погачар (1:40 мин.), Сајмон Јејтс (1:40 мин.)…