Во рамките на фестивалот за деца и млади „Жапчиња 2023″, беа изведени две претстави за деца и младинци со оштетен слух од Сојузот на глуви и наглуви лица и на деца и младинци со посебни потреби во организација на здружението Култи Ватор од Скопје.
Истите беа реализирани во ДХО „ДАРЕ ЏАМБАЗ”, a изведени од театарот за деца и млади „АРТ ВЕНИ ВИДИ“.
Проектот е насловен како – „Жапчиња 2023 ” и истиот е поддржан од Министерството за култура.
Актерска екипа на театарот „Арт Вени Види” која ги реализираше изведбите на претставата „Убавата принцеза Галена” ја сочинуваат актерите: Елизабета Клиничаревска Младеновска, Душица Стојановска Настовска, Манасковски Симон и Викторија Анѓушева.
Толкувач на знаковен јазик: Виолета Аврамовска Згонац
Режијата е на Викторија Анѓушева.
Здружението КУЛТИ ВАТОР најавува и други проекти за календарската 2023 година.