Со целовечерен концерт на фолклорниот ансамбл „Тиквеш“, кој годинава
одбележува јубилеј од 70 години постоење, синоќа на градскиот плоштад во Кавадарци почна манифестацијата „Кавадаречко културно лето – 2023“. По иницијатива на градоначалникот Митко Јанчев и со поддршка од советот на Општина Кавадарци, по четврти пат се организира манифестацијата чиј главен носител е домот на културата „Иван Мазов Климе“ заедно со Музеј-галеријата, Библиотеката „Феткин“ и Винскиот музеј.
Годинава ќе бидат презентирани настани од повеќе дејности како што се театар, фолклор, музичко сценски проекти, спорт и бројни настани за најмладите и сите ќе се случуваат на градскиот плоштад.
На свеченото отворање свое обраќање имаше претседателот на советот на општина Кавдарци Стојанче Рамов и директорката на домот на културата Јулијана Туриманџова која потенцира дека во рамките на ова издание на манифестацијата ќе се стимулираат младите генерации да бидат креативни, а со тоа и продуктивни под мотото со љубов за мое Кавадарци.
„Кавадаречко културно лето 2023“ предвидено е да трае до 2 август. За утре во
терминот од 19.30 часот предвидена е претствата „Одм на лов“ во изведба на драмско студио демир Капија за четвртот „бабини игри“ додека сабота и недела се предвидени за спортски игри на градскиот плоштад. Ми.М.