Студијата на орбитите на познати вселенски објекти покажа дека Земјата е безбедна од удар на астероид најмалку околу 1.000 години.
НАСА и другите опсерватории ги следат орбитите на објектите откриени во Сончевиот Систем, особено внимавајќи на „објекти блиску до Земјата“ (NEOs) со големина од 140 метри и поголеми, кои би можеле да направат хаос доколку се судрат со Земјата. Со набљудување на орбитите, астрофизичарите можат да ги проценат идните орбити на објектите и да предвидат дали тие се поставени во нашиот дел од Сончевиот Систем.
Според НАСА, астрономите досега можеле да ги предвидат орбитите на познатите објекти до околу 100 години во иднината. Добрата вест е дека ниту еден познат астероид поголем од 140 метри нема значителни шанси да удри во Земјата во следните 100 години, пренесува „ИФЛ сајенс“.
Тимот предводен од Оскар Фуентес-Муњоз од Универзитетот Болдер во Колорадо, успеа да оди понатаму, предвидувајќи ги траекториите на поголемите астероиди 1.000 години во иднината.
– Проценувањето на ризикот од удар на подолги временски размери е предизвик како што растат орбиталните несигурности. За да го надминеме ова ограничување, ја анализираме еволуцијата на минималното растојание на пресекот на орбитата (MOID), што ги ограничува најблиските можни средби меѓу астероидите и Земјата. Еволуцијата на МОИД ги истакнува НЕО што се во близината на Земјата подолг временски период, а ние предлагаме метод за процена на веројатноста за длабока средба со Земјата во текот на овие периоди – објаснува тимот во својот труд, кој е објавен во списанието „Астрономикал џрнал“.
Користејќи го овој метод, тимот успеа да ја отфрли можноста повеќето објекти блиску до Земјата да ја погодат нашата планета во следните илјада години. Веројатноста да бидеме погодени пред 3000 година изгледа многу мала според тимот, со најверојатниот објект што ќе нè погоди – 7482 (1994 PC1), а кој има само 0,00151 процент шанса за блиска средба, со приближување до Земјата поблиску од орбитата на Месечината.
– Секако, не се пронајдени сите објекти, иако процените велат дека сме пронашле 95 проценти од објектите поголеми од еден километар, така што постои можност некој од оние што сѐ уште не сме ги нашле да тргне директно кон нас. Големите удари на астероиди на Земјата, сепак, се доста ретки (иако не толку ретки како што мислевме), според проучувањето на кратерите од удари низ светот – велат од НАСА.
Сепак, НАСА се подготвуваше за таа можност, минатата година успеа да пренасочи астероид удирајќи со сонда во него.
Тимот се надева дека неговиот пристап може да се искористи за да се идентификуваат потенцијално опасни објекти, како и кога треба да бидеме во потрага по блиски пристапи.
– Долгорочното рангирање на опасноста може да биде достапно за заедницата за планетарна одбрана, бидејќи најопасните НЕО треба да бидат предмет на интерес за подетални набљудувања и идни истражувачки мисии – заклучи тимот.