На турнирот во Штип настапија 52 борачи од 14 репрезентации

БОРЕЊЕ – 47. „МАКЕДОНСКИ БИСЕР“

Македонскиот репрезентативец Владимир Егоров го освои 47-от трофеј на познатата боречка манифестација „Македонски бисер“, која се одржа во спортската сала „Јордан Мијалков“ во Штип. Егоров во финалната борба го совлада Бесир Алили (11-0).
На турнирот настапија 52 борачи од 14 репрезентации, и тоа од Србија, Хрватска, Израел, Романија, Молдавија, Литванија, Шпанија, Кипар, Англија, Албанија, Бугарија, Грција, Косово и од Македонија, која настапи со две селекции, А и Б. Фати Вејсели е прогласен за најдобар домашен, а Бугаринот Рамазан Рамзанов за странски борач на турнирот.
Победници по категории: Ивајло Тисов (Бугарија, категорија до 57 кг), Владимир Егоров (Македонија, до 61 кг), Ендрио Авдили (Албанија, до 65 кг), Фати Вејсели (Македонија, до 70 кг), Рамазан Рамазанов (Бугарија, до 74 кг), Расул Шапиев (Македонија, до 79 кг), Илија Христов (Бугарија, до 86 кг), Реџеп Хајдари (Македонија, до 92 кг), Лукас Красаускас (Литванија, до 97 кг) и Ислам Адизов (Бугарија, до 125 кг). Г.И.