Електричното вовче Мечо, утринава тргна низ градскиот парк во Битола. Набавката на вовчето и неговото ставање во функција ги реализираше општината во соработка со ЈП Паркинзи, за враќање на некогашната атракција за најмладите и создавање на нови можности за нивна забава и рекреација. Во активностите кои се дел од функционалноста, се вклучи и општествено одговорна компанија.
Градоначалникот на општина Битола, Тони Коњановски, им посака многу среќни мигови на најмладите.
Директорот на ЈП Паркинзи, Зоран Михајловски ги повика најмладите да бидат дел од промотивните, бесплатни возења во наредниот период. Промотивните возења ќе продолжат од 10:00 часот до пладне, од вторник до недела.
Фото: Општина Битола