КОЊИЧКИ СПОРТ
Според план-календарот на Федерацијата за коњички спорт на Македонија, а во организација на клубот Анималс од Скопје, утре (од 11 часот), во скопската населба Дрма, кај Идризово, ќе се одржи вториот Јунски коњички турнир. Истиот ден на истото место ќе се одржи и второто коло (од вкупно три) од отвореното првенство на Македонија во дресурно јавање за годинава. На програмата се вкупно три натпревари, и тоа во категориите А, М и ЛМ. Натпреварите се со избор на слободна програма и музика во траење од три до четири минути. Г.И.