Минатата година во земјава биле склучени вкупно 12.882 склучени бракa, што е за 2,4 отсто помалку од претходната година, соопшти Државниот завод за статистика.
Најмногу бракови, 1.851 или 14,4 отсто, се склучени во август, а најмалку во ноември, 761 брак или 5,9 отсто.
Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 93,7 отсто за жените и 93,2 отсто за мажите.
Во втор брак со учество од 6,3 отсто и трет брак со учество 0,5 отсто, во вкупниот број на склучени бракови, почесто стапуваат мажите.
Во 2022 година, најголем број бракови 4.263 или 33,1 отсто кај жените и 4.721 брак или 36,6 отсто кај мажите се случиле во старосната група од 25 до 29 години.
Просечната возраст при склучување на прв брак е 27,4 години за невестата и 29,9 години за младоженецот.
Бројот на разводи, пак, во 2022 година бележи намалување од 17,9 отсто во споредба со 2021 година и изнесува 1.613 разведени брака.
Најмалку бракови, 38 или 2,4 отсто во текот на годината се разведени во август, а најмногу 195 или 12,1 отсто во март.
Според возраста, најголем број на разводи 298 или 18,5 отсто кај жените и 281 развод или 17,4 отсто кај мажите се случиле во истата старосната група од 30-34 години.
Според траење на баракот, најмногу разводи 360 или 22,3 отсто се случиле од пет до девет години по склучување на бракот.