Помошник на украинскиот претседател негираше дека Киев е одговорен за нападот со дрон врз Москва, но рече дека Украина уживала гледајќи ги сцените.
-Што се однесува до нападите – секако дека со задоволство го гледаме и предвидуваме зголемување на бројот на напади. Но, секако, немаме врска со ова – изјави Михаил Подољак.
Русија објави дека Украина го извршила својот масовен напад со беспилотни летала врз Москва, но дека противвоздушната одбрана ги уништила сите осум беспилотни летала.
-Киевскиот режим изврши терористички напад со беспилотни летала врз објекти во градот Москва – соопшти руското Министерство за одбрана.
Градоначалникот на руската престолнина Сергеј Собјанин претходно објави дека во нападот се оштетени неколку згради, а две лица побарале лекарска помош со полесни повреди.
Во новиот напад на руското воено воздухопловство на Киев изутринава, најмалку едно лице загина, а четворица се повредени, кога била погодена и запалена нивната станбена зграда, соопштија украинските власти.