Фото: принтскрин

Локалните власти ја објавија причината за промената на бојата на водата во Големиот канал во Венеција.

Според „Гардијан“, локалните власти рекле дека промената се должи на флуоресцеинот, нетоксична супстанца што се користи за тестирање на канализациските мрежи.

Жителите пријавија дека водата во каналот позеленела, во неделата, поради што полицијата ги истражуваше причините, а се шпекулираше дека може да се работи за дело на екологисти.

„Анализата покажа присуство на флуоресцеин во земените примероци“, соопшти регионалната агенција.

Резултатите не покажаа присуство на токсични елементи во анализираните примероци, се наведува.

Ова не е прв пат водата во овој канал да позелени.

Во 1968 година, аргентинскиот уметник Николас Гарсија Урибуру ја обои водата зелена со флуоресцентна боја за време на Биеналето со цел промовирање на еколошката свест.