Сениорскиот тим во борби се закити со бронза
КАРАТЕ – МЕДИТЕРАНСКО ПРВЕНСТВО
Македонската јуниорска репрезентативка во кати Данка Стојкова постигна голем успех освојувајќи го најсјајниот медал на вториот и последен натпреварувачки ден на Медитеранското карате-првенство, кое се одржа во тунискиот град Радес. Стојкова за својата ката-изведба доби оценка 22,8 во првата група, што беше најдобар резултат. Во дуелот за златото, таа со резултат 23,5, беше поуспешна од Србинката Сава Јовановиќ, 23,1.
Истиот ден и сениорскиот тим во борби (Мурсел Мисини, Давид Петков, Петар Спасеновски, Стефан Стојановиќ и Петар Заборски) се закити со бронза, откако убедливо го совлада домаќинот Тунис со 4-0. На првиот ден со сребро се закитија Андреј Басаров (категорија над 76 кг) и Бесарт Мемети (до 55 кг), а со бронза Или Билјали (до 68 кг), сите во дисциплината борби.
На ЕП македонската репрезентација, која имаше вкупно 22 натпреварувачи/ки во кадетска, јуниорска и сениорска конкуренција, освои пет медали, во конкуренција на над 440 каратисти/ки од 19 држави. Г.И.