Германските специјални сили во раните утрински часови денеска упаднаа во продавница во берлинскиот кварт Шенеберг и ја завршија заложничката криза што почна вчера попладнево, соопшти полицијата на Твитер, јави ДПА.
Киднаперот се самоубил, а неговиот заложник е неповреден, соопшти полицијата.
Како што пренесува ДПА, заложникот кој со часови бил држен во заробеништво бил однесен во Брза помош.
Претходно една жена беше спасена „од опасната зона“, соопшти полицијата. Таа била полесно повредена.
-Можам да потврдам дека операцијата е завршена – изјави портпаролот на полицијата за ДПА рано утринава.
Специјалните сили рацијата во продавницата ја почнаа во 2:30 часот утринава.
Повикот за грабеж во продавница првично стигна вчера околу 17:30 часот и веднаш предизвикаа голема операција на полицијата недалеку од Витенбергплац, плоштад во луксузниот кварт, западно од центарот на градот, каде што се наоѓаат големи трговски дуќани.
Овој фреквентен дел од градот со часови потоа беше ограден и непристапен.