ФУДБАЛ – АНГЛИЈА

Трите гола на Ријад Марез му донесоа победа на Манчестер сити на мечот со Шефилд јунајтед, со 3-0, и пласман во финалето на англискиот фудбалски ФА-куп и одржување на шансите за освојување три трофеи сезонава.
Тимот на тренерот Пеп Гвардиола се пласира во полуфиналето на Лигата на шампионите (се среќава со Реал Мадрид) и со Арсенал е во трка и за титулата во првенството на Англија.
Во финалето на ФА-купот, Манчестер сити ќе игра со победникот од вчерашниот дуел Брајтон – Манчестер јунајтед.
Единствен пат кога некој англиски клуб освои ваква тројна круна се случи во 1999 година, а трофеите тогаш ги освои Манчестер јунајтед.
Титулата во Премиер-лигата на Манчестер сити во 2019 година му донесе историска домашна тројна круна, бидејќи стана првиот англиски машки тим што ја освоил највисоката лига, како и двата купа, но иако тоа е многу импресивно достигнување, освојувањето на титулата во лигата, ФА-купот и во Лигата на шампионите многумина го сметаат за врвно ретко достигнување, пишува „Би-би-си“. Ливерпул на Јирген Клоп беше во трка за четири трофеи во минатата сезона, за да го израмни неспоредливото достигнување на шкотски Селтик од 1967 година, но во таа сезона Ливерпул ги освои двата домашни купа, пишува „Би-би-си“. Н.М.