Благодарение на паметните телефони и различните апликации што помагаат во навигацијата, снаоѓањето по улиците на странските градови е полесно, а за многумина нивното користење е првиот чекор при пристигнувањето нова дестинација. Меѓутоа, без нив, навигацијата по локалните автобуски или железнички линии може да биде голем предизвик, па затоа списанието „Тајмаут“, со помош на локалното население, ги пронајде 19-те града во светот со најдобар јавен превоз.
Првото место го зазеде Берлин, кој се карактеризира со сигурност, удобност и безбедност. Дури 97 отсто од анкетираните жители се воодушевени од сообраќајната мрежа, а метрото нуди дури 175 станици на девет линии што тие ги опишуваат како лесни за навигација. Исто така, Берлин има воз или градско-приградски железнички систем што ги поврзува предградијата со центарот. Второто место на листата го зазеде Прага, а 96 отсто од жителите сметаат дека нивниот град е едноставен за обиколка со помош на јавниот превоз. На третото место е Токио, за кој се вели дека е исклучително лесен за навигација, дури и за оние што не го говорат јапонскиот јазик.
Листата на топ 19 града со најдобар јавен превоз во светот ги вклучува: Берлин, Прага, Токио, Копенхаген, Стокхолм, Сингапур, Хонгконг, Тајпеј, Шангај, Амстердам, Лондон, Мадрид, Единбург, Париз, Њујорк, Монтреал, Чикаго, Пекинг и Мумбај.