Владата го назначи вицепремиерот Артан Груби за координатор за следење на работите на Коридорот 8 со цел за нивна навремена реализација.
Се наведува дека одлуката се должи на важноста за реализација на започнатите проекти за изградба на патните правци Скопје – Блаце, Кичево – Букојчани, железницата Кичево – Лин, како и на заедничките гранични контроли со Албанија и Косово.
На денешната владина седница донесени се и други кадровски одлуки.
Александар Миљовски е разрешен од должноста в.д. директор на ЈУ „Национален Парк Галичица“ – Охрид, на негово барање. За нов директор в.д. е именуван Александар Бузлевски.
Розита Благојевиќ е разрешена од должноста директорка на Управата за развој и унапредување на образованието на јазиците на припадниците на заедниците. На нејзинот место е емнуван Драган Угреновиќ.