Русија е подготвена за дијалог со сите земји и нема да се изолира, изјави Владимир Путин, обраќајќи им се на странските амбасадори на церемонијата на предавање на акредитивните писма во Кремљ, пренесува РИА Новости.
– Русија е отворена за конструктивно партнерство со сите земји без исклучок. Нема да се изолираме од никого, немаме пристрасни или непријателски намери кон никого и очекуваме партнерите да се придржуваат до принципите на еднаквост и взаемно почитување во односите со нашите интереси – нагласи претседателот на Русија.
Путин истакна дека надворешната политика на земјата е диктирана од приоритетите на внатрешниот развој и свеста за одговорноста за одржување на стабилноста и безбедноста.
Тој истакна дека Русија ќе продолжи да дејствува како еден од суверените и авторитативни центри на светската политика.
Во својот говор, рускиот лидер даде кратка оценка за билатералните односи со секоја од 17-те земји чии амбасадори учествуваа на церемонијата.
Во обраќањето до американската амбасадорка Лин Трејси, претседателот истакна дека поддршката на Вашингтон за „обоените револуции“, вклучително и Украина, доведе до актуелната криза.
Путин рече дека односите меѓу Русија и САД се во длабока криза.
Зборувајќи за соработката со Данска, рускиот лидер потсети дека двете земји се историски блиски, но дека Балтичкото Море денес е „немирно“.
Претседателот изрази надеж дека ќе се појави меѓународна комисија која ќе ги истражи терористичките напади на гасоводите „Северен тек“