Денеска во период од 13 до 15 часот, повторно пред Владата, вработените од Министерството за култура, Управата за заштита на културното наследство и Агенцијата за филм, преку мирен протест ќе го изразат незадоволството поради своите недостоинствени месечни примања.
„Во Министерството за култура и Управата за заштита на културно наследство, платите на скоро 70 отсто од вработените се под просечната плата во земјава, а разликата со платите на вработените на истите позиции во установите од областа на културата е и по 10.000 денари“, велат од овие институции.
Вработените во трите институции бараат покачување на платите по примерот на вработените во Министерството за финансии, кои со Закон се зголемија за 30 отсто.