Грчката полиција и разузнавачките служби денеска соопштија дека разбиле „терористичка мрежа“ што планирала напади, при што се уапсени двајца странци.
-По координирани акции на грчката полиција и Националната разузнавачка служба, беше разбиена терористичка мрежа која од странство планираше напади врз внимателно одбрани цели на грчка територија – се вели во соопштението без да се наведат детали.