Кенард беше најефикасниот играч во својот клуб во триумфот над Хјустон, со 151-114, а за 24 минути, колку што беше на паркетот, тој шутираше само тројки и погоди 10 од 11 обиди
КОШАРКА
Дебитантот во Мемфис, Лук Кенард (26), кој пристигна од Лос Анџелес клиперс пред малку повеќе од еден месец, постави нов рекорд во кошаркарската НБА-лига. Кенард (196 см) беше најефикасниот играч во својот клуб во триумфот над Хјустон, со 151-114, а за 24 минути, колку што беше присутен на паркетот на тој натпревар, тој шутираше само тројки, што секако е мошне необично.
Кенард на натпреварот со Хјустон не упати удар за два поена и никогаш не отиде до линијата за слободни фрлања, а погоди вкупно 10 тројки од 11 обиди.
Со тоа Кенард стана првиот кошаркар во историјата на НБА-лигата што погодил повеќе од 10 тројки со прецизност на шут од 90 отсто или повеќе, а го собори и рекордот на Мемфис според бројот на постигнати тројки.
Патем, со овој триумф, Мемфис си обезбеди и пласман во плејофот во НБА-лигата. Г.И.