Жирито на 8. Меѓународни театарски фестивал што се одржа во Анадолија, Турција, му додели меѓународна награда за драмски автор на македонскиот писател Гоце Ристовски.
– Жирито ги вреднуваше домашните и странските театарски движења и одлучи да бидат наградени театарски луѓе што со својот придонес ја збогатиле театарската уметност во периодот 2022-2023 година. Во областа на драмската литература, жирито високо го оцени придонесот на Гоце Ристовски во драмската литература преку неговите драми, вреднувајќи ги високо, и со задоволство му ја додели меѓународна награда за драмски автор – се наведува во образложението.
Наградите доделени на лица, институции и организации ќе им бидат врачени на свечена церемонија што ќе се одржи на 24 април.