ИОК

Досега канадските градови Ванкувер и Вистлер, како и Сапоро (Јапонија) и Солт Лејк Сити (САД), изразија желба да ги организираат ЗОИ 2030
Интернационалниот олимписки комите (ИОК) во октомври годинава ќе го одреди домаќинот на Зимските олимписки игри (ЗОИ), кои треба да се одржат во 2030 година. Седницата на ИОК, на која ќе биде донесена оваа значајна одлука, ќе се одржи од 14 до 17 октомври, во индискиот град Мумбаи – пишува на официјалната веб-страница на ИОК.
Неколку дена пред седницата на ИОК е предвидено да се одржи состанок на Извршниот комитет (ИО) на оваа организација, а официјалното отворање на седницата е закажано за 14 октомври, додека дискусиите по ова прашање ќе се водат од 15 до 17 октомври.
Досега канадските градови Ванкувер и Вистлер, како и Сапоро (Јапонија) и Солт Лејк Сити (САД), изразија желба да ги организираат ЗОИ во 2030 година.
Како што е познато, ЗОИ во 2026 година ќе се одржат во италијанските градови Милано и Кортина Дампецо. Г.И.