Грчкиот премиер Киријакос Мицотакис денеска им се извини на семејствата на жртвите во железничката несреќа во која загинаа 57 лица.
– Како премиер, им должам на сите, особено на роднините на жртвите, извинување“, напиша – Мицотакис во пораката до Грците објавена на Фејсбук.
Тој додаде дека во Грција во 2023 година не е можно два воза да одат во спротивна насока по иста пруга и никој да не го забележи тоа.
„Не можеме, не сакаме и не смееме да се криеме зад човечката грешка“ што му се припишува на шефот на станицата, инсистираше лидерот на конзервативците.
Премиерот зборуваше во неделата наутро, кога во Солун, вториот по големина град во земјата каде што живееја многу жртви во железничката несреќа, беа фрлени молотови коктели врз припадниците на полициските единици за да се потиснат демонстрациите, пренесе грчката агенција „АНА“.
Шефот на станицата во Лариса, призна одговорност за катастрофата.
Тој 59-годишен маж, кого медиумите го претставуваат како неискусен денеска ќе се појави пред суд по евентуално обвинение за „убиство од небрежност“, пренесуваат медиумите.
Демонстрантите, според написите, денеска се судрија со полицијата