Поранешниот холивудски продуцент Харви Вајнстин е осуден на 16 години затвор поради силување на актерка во 2013 година.
Вајнстин (70) беше осуден во Судот во Лос Анџелес, каде што поротата уште во декември го прогласи за виновен. Обвиненијата се однесуваат на сексуален напад врз поранешна манекенка и актерка, која на суд беше именувана „Н.Н.“, а тој ја силувал во хотел во Лос Анџелес во февруари 2013 година.
Вајнстин, инаку коосновач на продуцентската куќа „Мирамакс“, ќе треба да ја отслужи новата казна по истекот на 23-годишната казна затвор за сексуален напад изречена во Њујорк.