Здружението на деца со пречки во развојот „Надеж“ од Кичево, по покана од Евангелистичката црква и центарот „Лајф“ од Струга, деновиве присуствуваа на матурска вечер, што кај самите членови побуди исклучително голем интерес. За изгледот на децата од „Надеж“ се погрижија волонтери од градот домаќин, за тие оваа вечер да имаат царски третман.
– Членовите на Здружението имаа царски третман од страна на домаќините, кој се состоеше од шминкање, правење фризури, чекорење по црвен килим и свирење музика за танц. На крајот, сите учесници на оваа матурска вечер добија кралски круни, што ги направи уште повеќе среќни и задоволни. Матурската вечер заврши со заедничка закуска на гостите и домаќините. Ова беше наедно и првата активност планирана за оваа календарска година на здружението „Надеж“ – информира Ѓоко Митрески, претседател на здружението.
Тој потсети дека деновиве и јавно ќе бидат соопштени активностите на здружението за годинава, со нивно гостување на една локална телевизија и радио.
З.А.