По неколку часовна дискусија и политички обвинувања, потпретседателот на Собранието Горан Мисовски ја прекина денешната 104 седница на која се дискутираше за предлогот за реконструкција на владиниот кабинет. Тој најави дека оваа седница ќе продолжи утре на пладне. Дневниот ред на седницата е усвоен со 64 гласа „за“, од 115 присутни пратеници. Против и воздржани немаше. Вкупно 44 пратенци се јавија за збор. Според Деловникот нема ограничување колку дена може да трае дискусијата на темата реконструкција на владин кабинет.
Премиерот Димитар Ковачевски ја искористи деловничката можност да се обрати пред пратениците, потенцирајќи ја потребата за стабилност и за врвните интереси на државата.