Фото: Принтскрин

Спасувачките екипи извлекоа две момчиња од урнатините на една зграда, браќата Харун и Ејуфан Шерифоглу, по неверојатни 181 час по разорните земјотреси што ги погодија јужните региони на Турција.

Успешна спасувачка операција беше спроведена осмиот ден по земјотресот во центарот на Антакија во Хатај, каде што спасувачите најпрвин ги лоцираа осумгодишниот Харун и 15-годишниот Ејуфан, а потоа ги извлекоа од под урнатините на објектот.

Спасувачите ги предале момчињата на екипа на Брза помош која им пружила прва помош, а потоа ги однела во болница.

Вујкото на спасените момчиња, Рамазан Шерифоглу, за новинарот на Анадолија изјави дека нивната мајка починала и е погребана денеска, а нивниот татко се уште е погребан.

-Заборавивме на се кога ја слушнавме веста дека се живи и кога ги видовме. Ова е голема радост за нас, празник, го славиме животот- рече Шерифоглу.

Денеска во разурнатиот од земјотресот Хатај е спасено и 12-годишно момче по име Кан.

Припадниците на противпожарната единица на Град Кочели под урнатините пронашле 12-годишно момче. Момчето веднаш по извлекувањето добило лекарска помош.

Спасувачките екипи продолжуваат со потрагата по преживеани по разорниот земјотрес што пред седум дена погоди десет градови во јужна Турција, пренесе Н1.рс.