Унгарија се смета за земја со најмногу корупција во јавниот сектор во Европската Унија, според последниот извештај на „Транспаренси Интернешнел“,
Со оценки кои се движат од 42 до 46 од 100, Унгарија, Бугарија и Романија се далеку зад скандинавското трио на ЕУ, при што Данска е најдоброрангирана во класата (90), проследена со Финска (87) и Шведска (83), според перцепцијата на индексот на корупција на „Транспаренси Интернешнел“ за 2022 година.
Данска и Финска, исто така, се на врвот на светската ранг-листа, втората се изедначи со Нов Зеланд (87), благодарение на неговите „силни демократски институции и почитувањето на човековите права“, додека Сирија и Јужен Судан (13) и Сомалија (12) се на дното на листата, пренесува „Политико“.
Луксембург, Велика Британија и Австрија забележаа значителен пад на нивните резултати од 2017 година, додека Ирска е единствената земја-членка на ЕУ чиј резултат е подобрен. Молдавија, која доби статус на кандидат за ЕУ минатиот јуни, исто така го подобри својот резултат.
Со оценка од 28, Русија има една од најниските оценки во Источна Европа, а нејзината инвазија на Украина во февруари минатата година е „остар потсетник за заканата што корупцијата и отсуството на одговорност на Владата претставуваат за глобалниот мир и безбедност“, се аведува во соопштението за јавност објавено со извештајот.
Оценката на Украина е само малку повисока (33), но земјата „презема важни реформи и постојано се подобрува“ од почетокот на војната.
Но, конфликтот не стави крај на корупцијата во земјата, како што покажа неодамнешниот скандал што го принуди заменик-министерот за одбрана на Украина да поднесе оставка – што покажува дека „антикорупциските механизми во земјата досега бараа одговорност од јавните службеници“, се вели во извештајот.
Обединетото Кралство и Катар се на историски најниско ниво во овогодинешното издание.