Грчки дравјанин починал вчера во казино во Гевгелија, информираат од Министерството за внатрешни работи.
– Околу 15.20 часот вчера во Полициска станица Гевгелија е пријавено дека во казино од хотел, 67-годишниот Г.З. од Република Грција се струполил на подот. Лекар од итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство – појаснуваат од МВР.
Увид извршиле увидна екипа на Полициска станица Гевгелија и јавен обвинител, по чија наредба телото е предадено за обдукција.