„Басните за 2001-ва година може Али да ги раскажува на Димитар Ковачевски. Првиов се храбри од своите удoбни хациенди од Зајас, додека албанскиот народ, исто како македонскиот, гладува. Вториот како дезертер од 2001-ва сѐ ќе му поверува и мора да спроведе, за да прави криминал и тој самиот. Другпат добро нека гледаат и читаат што кажувам, а не да вадат од контекст. П.С. Јас пак мислев дека ќе се пофалат со нова фабрика…“, напиша Мицкоски на Фејсбук.
Тој му реплицираше на Али Ахмети, лидетот на ДУИ. Мицкоски гледал војна само на телевизија, рече вчера претседателот на ДУИ, Али Ахмети од Тетово, откако претходно првиот човек на ВМРО-ДПМНЕ од него побара да каже колку стотици милиони евра добила неговата фамилија на сметка на жртвите од војната во 2001.
Мицкоски истакна дека како доброволец во 2001 година го немал тоа чувство дека Али Ахмети е победник во таа војна, на што Ахмети возврати дека Мицкоски воопшто не бил во војна.