„Трипадвајзор“ објави листа на најпопуларни европски туристички дестинации за 2023 година, а интересно е и тоа што е вклучен и еден балкански град.
Лондон го зазеде првото место. Зад него се Рим, Париз, островот Крит, Истанбул… Прекрасниот Дубровник е на 20-то место.
– Дубровник закрепна од воените штети што ги претрпе во 1990-тите години, а посетителите се вратија во овој мирен град. Сместен помеѓу Јадранско Море и Динарските Планини, тој нуди прифатлив градски одмор за многу европски патници. Особено е шармантен Стариот град наменет само за пешаци – наведуваат од „Трипадвајзор“.


Комплетна листа на европски дестинации за 2023 година

Лондон, Велика Британија
Рим, Италија
Париз, Франција
Крит, Грција
Истанбул, Турција
Барселона, Шпанија
Мадрид, Шпанија
Фиренца, Италија
Лисабон, Португалија
Единбург, Шкотска
Амстердам, Холандија
Родос, Грција
Тенерифе, Шпанија
Ѓореме, Турција
Санторини, Грција
Неапол, Италија
Прага, Чешка
Порто, Португалија
Будимпешта, Унгарија
Дубровник, Хрватска
Даблин, Ирска
Корзика, Франција
Мадеира, Португалија
Малта
Рејкјавик